Пополнете ги по желба, иако и празни се пре убави!

Состојки и начин на подготовка:

  • 1, 200 кг. брашно (во видеото споменав околу 1 кг.)
  • 2 dcl топло млеко
  • 4 dcl јогурт
  • 40 гр. свеж квасец
  • 2 dcl масло
  • 1 лажица шеќер
  • 2 лажички сол
  • 200 гр. маргарин
  • 3 јајца (две жолчки за тесто, цело јајце за премачкување)
  • 200 гр. урда
  • 100 гр. фета сирење (или по желба полнење)
  • Најпрво ставете го квасецот да работи, измешајте го со половина децилитар топло млеко, 1 лажица шеќер, 2 лажици брашно.

Во сад измешајте брашно, сол, додадете квасец, масло, јогурт, млеко и замесете меко тесто.
Оставете го покриено околу 30 минути.

Поделете на 4 дела и истегнете го секој во круг, исечете 16 дела, ставете го филот долж поширокиот дел од тестото и виткајте ја пунџата.

За филот измешав мало сирење, фета, белки од јајца и многу малку сол.
Наредете на плех намачкан со маргарин, премачкајте со изматено јајце и ставете по една коцка маргарин. Оставете да отстои околу 10 минути додека рерната се загрева до 200 степени и печете додека не поруменат.