Не стивнуваат реакциијте по одлуката на владата да го постави поранештниот премиер Владо Бучковски за специјален претставник со Бугарија. Од актуелни јавни лица, експертска јавност до поранешни функционери на СДСМ негодуваат на таквата одлука.

– Мери Николова Буџаку од СДСМ истакнува дека Бучковски се збогати од државата. Вели дека судот го спаси од затвор, а Заев го награди.

„Се збогати од државата, судот му го застари делото спаси глава од затвор. Заев го награди и си го назначи за специјален советник. Со еден збор, крепете се, кога не би биле исти би биле далечни. Дно…“ -пишува таа.