Истражувачите од Универзитетот во Јужна Флорида открија дека колку подолго ја мирисате храната што ја посакувате, толку помалку ќе сакате да јадете.

Мирисот има големо влијание врз изборот на храна, а истражувањето објавено во Journal of Marketing Research можеби откри како можете подобро да го контролирате.

Авторот на студијата Дипајан Бисвас и неговите колеги напишаа дека често е доволно едноставно да мирисате на закуска доволно долго за да го намалите апетитот за неа.

„Системите за мирис (олфакторни) и вкус се силно поврзани и центрите за наградување во мозокот не прават разлика помеѓу стимулите кодирани од различни сетилни системи“, рече Бисвас.

Бисвас инсталирал испарувач на мириси во просторијата, кој повремено се менувал со ослободување на мириси од разни закуски – тој исто така спроведувал теренски студии во супермаркетите и кафулињата.

Испитаниците морале да проценат дали мирисите влијаат на нивниот апетит.

Оние кои мирисале на храна како пица или колачиња 30 секунди имале поголем апетит за храна од оние кои го вдишувале мирисот цели две минути.

Испитаниците на крајот избрале други закуски како јаболка и јагоди.

Како што истакнуваат истражувањата, можеби е доволно задоволувачко само да ја мирисате храната што ја посакувате затоа што вашиот мозок често навистина не разликува од каде доаѓаат стимулите.

Во основа, вашето тело не регистрира дали само мирисате на храна или навистина ја јадете – сè додека имате апетит или желба за одредена ужина и не сте навистина гладни.

Следниот пат кога ќе се борите да одолеете на закуска, издржете две минути, вдишете и уживајте во мирисот, велат авторите.