Освен хранење со торта, многумина меѓусебното мазење на младенците со шлаг го сметаат за свадбената траидиција, меѓутоа еден младоженец на себе го навлече бесот на корисниците на социјалните мрежи кои тврдат дека тој ритуал за жал заминал предалеку.




Во видеото кое на ТикТок е прегледано речиси три милиони пати, прикажана е невста која невино го измачка лицето на сопругот со трота. Но, она што луѓето ги загрижи е реакцијата на младоженецот.
Имено, тој ја зеде цела торта на три спрата и ја погоди невестата во лице.
Видеото предизвика бројни реакции на социјалната мрежа ТикТок а под видеото луѓето оставаа најразлични коментари.




“Развод. Веднаш”. “Ова е срамота, како дозволуваш”. “Ако вакво нешто може да направи пред сите нејзини роднини и пријатели, тоа е застрашувачки”.
Паралелно на тоа, за невестата овој инцидент беше смешен.
“Тоа беше во наш стил и сите на свадбата се смееја. Жал ми е што имате поинаква смисла за хумор”, напиша невестата под видеото на ТикТок.
Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:
