Ако веќе сте исекле лубеница, еве како да ја зачувате неколку дена.

Најдобар начин за чување веќе исечена лубеница е да ја завиткате во фолија и да ја чувате во фрижидер. Едноставно ставете ги парчињата на послужавник и завиткајте ги со фолија.

На тој начин, ќе ја задржи својата свежина неколку дена, а ова летно овошје, зачувано на наведениот начин, треба да се јаде во рок од три дена.

Ако, пак, имате повеќе лубеници, можете да ги исечете на поголеми парчиња, да ги ставите во пластичен сад и да замрзнете.

Кога го одмрзнувате, се препорачува да ги користите за правење смути или пијалоци