„Можеби некои ќе ме осудат, но морав. Откако се венчавме, свекрва ми доаѓа секој ден на ручек. Инаку, свекрва ми живее во стан спроти нашата зграда. Секој ден во 3 часот кај нас е, маж ми е среќен, да не јаде мајка му сама. И што е полошо знае да ми каже ден пред и јас утре ќе јадам.

И еден ден сопругот оди на семинар, јас дома сама.

Стигнува 3 часот, свекрва ѕвони на врата. Замолчам, одам до вратата. Јас така молчам, таа пак ѕвони, тропа, ништо не правам. После 15 минути си оди дома, маж ми ми вика кај си, мама ѕвони, не си дома.

И кажав дека не ми е добро, болна сум, подобро да не доаѓа, да бидам сакам сама. Како што кажав, таа не дојде 7 дена (за секој случај). Да знаев претходно за ова да ме остави на раат. “