Во тек е повик од МОН за покривање на дел од трошоците на студентите за плаќање на дел од патиципацијата, дел од трошоците за сместување во студенстки дом и за трошоците за приватно сместување.
Аплицирањето се врши на два начини, електронски или непосредно во Министерството за образование и наука.
Прв чекор во процесот на аплицирање е пријавување на кандидатите на платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, каде се одбира и начинот на кој ќе бидат доставени потребните документи и формулари (прикачени на посочената платформа).
Повеќе информации околу условите, критериумите, документите и роковите за аплицирање се наведени во Уредбата со законска сила усвоена за реализација на оваа мерка за поддршка студентите, која е објавена на следниот линк
http://mon.gov.mk/stored/document/Uredba_za_participacija.pdf.
