Марина Балмашева од Славјанск на Кубан во Русија е во четвртата недела од бременоста со својот поранешен посинок, кого го запознала кога имал само четири години. Популарната инфлуенсерка Марина на “Инстаграм” објавила снимка од моментот кога парот открил дека чека бебе. Откако тестот излегол позитивен, почнале солзите радосници.




Таа побегнала со најстариот син на својот сопруг, 20-годишниот студент Владимир Шавирин, со кој сега чека бебе. Марина рекла дека рацете и се треселе, а гласот и треперел кога дознала дека е бремена. Таа навела дека нејзиниот поранешен посинок мислел дека му подава часовник, а не тест за бременост.




“Мажите во такви моменти може да бидат толку глупави”, се пошегувала таа. Контроверзниот пар сега планира и да се венча. “Во четвртата недела од бременоста сум и затоа одлучивме да се венчаме”, објаснила Марина.




Таа го запознала Владимир кога овој имал седум години, кога се омажила со неговиот татко Алексеј Шавирин. Нивната врска започнала кога тогаш 19-годишниот Владимир дошол од факултет дома на распуст. И помагал на Марина во кујната, се грижел за петте посвоени деца кои таа ги воспитувала со неговиот татко и купувал продукти за дома.
Марина објавила дека таа и Владимир се заедно од почетокот на оваа година, така што објавила заедничка фотографија од времето кога тој имал седум, а таа 22 години. Набрзо после тоа почнале и критиките.
