Марина Туцаковиќ беше една од најпознатите автори на текстовите на некои од најголемите хитови на нашите простори, а битката ја загуби по тешко боледување на 67-годишна возраст пред две години.

Меѓу големите хитови се најде и една песна на која Марина додаде само пет збора и со тоа стана голем хит. Тоа е песната „Зора је“ на Неда Украден. Пејачката своевремено изјави дека Марина на оваа песна додала само еден стих и така заработила повеќе од 200 илјади марки.

Песната ја напиша покојниот Ѓорѓе Новковиќ, но пејачката не беше задоволна од текстот и почувствува дека нешто и фали. После тоа решила да стапи во контакт со Марина, која ги исполнила очекувањата на Неда.

– Ја поканив Марина Туцаковиќ, која напиша само еден стих и тоа: „Солза падна од око“. Тој стих и донесе повеќе од 200 илјади конвертибилни марки – изјави своевремено Неда во едно од интервјуата.

Освен за Неда, Марина пишувала и за Северина, Оливер, Миша, Магазин, Здравко Чолиќ и бројни други ѕвезди.

Некои од хит песните кои излегоа од нејзиното перо се „Три зими ти шепнав име“, „Што беше љубов, „Мало ми е еден живот со тебе“, „Триесеттите“ Северина и многу, многу други.

По нејзините стапки тргна и нејзиниот син Лака, кој неодамна почина во Израел. Смртта на нејзиниот син ја шокираше јавноста, а во 2008 година го загуби синот Милош Радуловиќ, починал на 24-годишна возраст.

Големиот хит на Ана Николиќ, кој Марина само го напиша, „Мишо мој“, го посвети на својот починат син.