Научниците велат дека го пронашле најверојатното објаснување за бизарното однесување на стадото кое 12 дена шетало во круг на фарма во Монголија.

Снимката што ја објавија кинеските медиуми, а која им ја достави сопственикот на фармата, стана вирална минатата недела на Твитер.

– Се чини дека овците предолго биле затворени во кошарата, што резултирало со стереотипно однесување на одење во круг предизвикано од фрустрацијата на затворениот и монотон простор. Овците го следат однесувањето на своите другари во стадото – изјавил Мет Бел, професор на Катедрата за земјоделство на Универзитетот Хартпури во Глостер, како што пренесува New York Post.

Социјалното однесување на овците е диктирано од „менталитетот на стадото“, кој ги координира движењата на членовите и им овозможува полесно да се заштитат и да избегаат од предаторите.

На фармата на г-ѓа Миао има 34 кошари со овци, а само во кошарата бр. 13 овците го се однесувале на овој невообичаен начин.