Во 2016 година во Словачка, млад ромски пар организирал венчавка за која долго се зворува, а деновиве видеото повторно се споделува по социјалните мрежи.




Невестата неколку пати се пресоблекла, а при промена на облеката ја придружуваше и нејзиниот сопруг, кој не заостануваше зад нејзините луксузни комбинации.И двајцата имаа вистински златни детали.




Кога станува збор за бурми, тие избраа „Булгари“ модел, а нивната цена е над 7.000 евра од парче. Гостите и даваа пари на деветнаесетгодишната невеста, а младоженецот беше дарежлив кога станува збор за бакшиш на музичарите.




Врвот на вечерта беше кога невестата излезе во црвен фустан и танцуваше, а гостите ја китеа со пари.




Видеото доби и смешна завршница бидејќи младенците беа прикажани како бројат пари откако се повлекоа од салата за венчавки.
