Професорката Мирјана Најчевска деновиве честопати се осврна на темата пензии. Таа нескриено ја поддржува идејата за зголемување на примањата на пензионерите, а во својот последен пост дури и даде свое видување од каде може да се пронајдат средства во буџетот за да им се зголемат пензиите на пензионерите, особено помалите пензии.
Тие 200 милиони за пензионерите може да се земат од администрацијата на Владата (за која се издвојуваат над милјарда денари), и со укинување на бесмисленото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците кое влечи над 200 милиони денари.
Или, пари има, само треба да се распоредат.
Така? – напиша Најчевска на Фејсбку, а нејзиниот пост може да го видите и сами:
Нејзиниот пост предизвика бројни реакции меѓу граѓаните, од кои најголем дел се сложуваат со ставот дека потребна е само прераспределба која ќе води кон подобро планирање на парите во буџетот и поголеми пензии за граѓаните кои се залагале и работеле во државата и во нејзиното издигнување./Фактор
