Едно истражување покажа дека свадбите се места каде што девојките никогаш не треба да ги остават мажите на мира, бидејќи има големи шанси да извршат прељуба.




Изгледа дека свадбената прослава ја зголемува желбата за поинтимна врска, а потоа момците полесно „пуштаат кочници“ Сајтот IlicitEncounters.com направил истражување на примерок од 2.000 испитаници.




Дури 32 отсто од мажите ќе ја изневерат сопругата, девојката или вереницата ако одат на свадба без придружба, 27 отсто на ергенска забава, 21 отсто на божиќна прослава и 9 отсто на годишнина од матура.




Истата анкета покажала дека 37 отсто од жените биле убедени дека нивните поубави половини ќе ги изневерат на божиќните прослави, а 35 од нив процениле дека ќе ги изневерат на ергенска забава.




Само 11 отсто од жените мислеле дека нивните партнери ќе ги изневерат на нечија свадба.
