Се трудеше околу мене, излеговме, одвреме-навреме ми купуваше и подароци од по неколку илјади денари, но тоа не ми беше доволно.

Сакав да ме видат во добра кола, во високо друштво и во 4 година средно го оставив затоа што сакав повеќе и не можеше да ми даде, го оставив иако многу го сакав.

Секогаш зборуваше како сака семејство со мене, како ќе се снајде, дека не треба да се грижам бидејќи тој ќе направи се, а јас само ќе бидам покрај него.

Тој веруваше во себе, но јас не верував во него бидејќи мислев дека тие што го немаат сега никогаш нема да го имаат. Често размислував за него, каде е и што прави, а денес го сретнав после 5 години, ме запре на пешачки премин.

Возеше кола некојаод поновите БМВ, тој во одело, до него е девојка му. Иронично, отидов да му однесам кутија пури на дечко ми затоа што е невработен, но не можев затоа што бев многу лута, дојдов дома и плачев со часови. И еве сега се обидувам да се смирам и затоа пишувам овде.