Воведување полициски час од 22 до 5 часот предлага Комисијата за заразни болести, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.




На денешната седница на Кризниот штаб било предложено повторно да се воведе полициски час поради зголемениот број на нови позитивни на ковид-19.




Предлогот на Комисијата ќе биде разгледуван на утрешната владина седница и ако биде усвоен, ќе стапи на сила од среда./Регион.мк
