Ништо во животот не доживеале како ова, морале да пијат лекови за смирување.

Линдзи Атлис (30) од Високнсин, била подготвена за второто породување во животот. На синот Џанго претходно му објаснила дека веќе нема да биде сам во домот и дека ќе добие сестричка после што започнал да се радува. Дури смислиле и име – Ада Мејз.

Се било подготвено за породувањето а покрај синот и сопругот, во другата соба во болницата присуствувале и родителите на Линдзи.
Кога бебето излегло, на нивната среќа и немало крај. Таткото веднаш им испратил порака на нејзините родители дека се родила ќеркичка.

Меѓутоа!

Тука не бил крајот на породувањето – после само пет минути на свет пристигнало уште едно девојче.

Ова го шокирало целото семејство како ништо порано, единствено Линдзи се смеела од возбуда. Имено, на ултразвукот докторот ниту еднаш не видел две бебиња, што реално е невозможно, но се случува.

Неа и го дале името Били Џун, а на девојчињата најмногу се израдува синот Џанго кој сфатил дека ќе има некој кој ќе го штити во животот.
“Мислам дека поставив светски рекорд во бројот на викање “Господе мили” во рок од 10 минути. Се тресев” признава Линдзи, додека нејзините родители морале да испијат лекови за смирување поради шокот кој го доживеале.