Откако и пукна водењакот на Мелани, таа се струполи и почна да се тресе, објави порталот „Fokuzz.com“.

Лекарите веднаш ја испратиле на реанимација и царски рез. Даг и Мелани Причард очекуваа нормално породување. Мелани ја загуби борбата за живот од емболија од плодова вода. Нејзиното срце и бели дробови престанале да работат и била прогласена за клинички мртва додека го раѓала своето бебе Габриела. Даг се молеше за животот на Мелани.

„Мојата сопруга беше клинички мртва кога ќерка ми беше донесена на овој свет. Првата мисла ми беше „сега сум вдовец“, а во брак бевме само 3 години. Ми рекоа да се збогувам со неа. Се сеќавам дека и реков да се бори ако има сила“. – рече Даг.

Мелани се освести 24 часа подоцна. Нејзиниот сопруг истрча да ја фати за рака и да и покаже фотографија од нивното девојче. Братот на Мелани, торакален хирург пристигна во болница и го разгледа нејзиниот случај „Не прифатив дека таа ќе не остави“, рече тој.

Набрзо открил дека Мелани имала отворена артерија како резултат на царскиот рез и дека губи многу крв. Мелани побарала уште една операција и таа и го спасила животот. За време на нејзината последна операција, семејството испрати молитви, на кои одговорија луѓе ширум планетата. Една недела подоцна, таа беше отпуштена од болница

Иако лекарите верувале дека ќе и треба трансплантација на срце и бели дробови, па дури и ќе доживее невролошко оштетување, Мелани за чудо се опоравила.

Со оглед на тоа што лекарите не знаат да објаснат како Мелани закрепнала, дали мислите дека молитвите за неа се услишени и дека станува збор за виша сила? ПИШЕТЕ НИ ВО КОНЕТАР!