Во шокантна изјава, Наталија Поклонскаја рече дека нејзините две земји меѓусебно се убиваат




Поранешната јавна обвинителка на Крим, Наталија Поклонскаја им се обрати на земјите од БРИКС на 14. самит на оваа организација и ја нарече ситуацијата во Украина „мрак и катастрофа“, пренесува рускиот портал Лента.




та што ја објави на нејзиниот канал Телеграм во вторник, таа рече дека е на страната на добрината и разумот.




– Моите две матични земји меѓусебно се убиваат. Тоа не го сакав и никогаш нема да го посакам – изјави заменик-шефот на „Рострудничество“, федералната агенција за прашања на Заедницата на независни држави, сонародници во дијаспората и меѓународната социјална соработка.




Таа упати апел до учесниците, барајќи од нив да не ја зголемуваат омразата и агресијата во такви околности.




Покрај тоа, таа побара од властите на Украина и Русија да престанат да ги прогонуваат граѓаните поради изразување на нивниот став за актуелната ситуација. Меѓу другото, таа истакна дека во тек е „лов на вештерки“ кој не може да заврши добро.




Да потсетиме, Наталија Поклонскаја се прослави во 2014 година, кога стана јавен обвинител на оваа област само една недела пред припојувањето на полуостровот кон Русија. Фотографиите од оваа убавица во униформа го полудеа интернетот и набрзо станаа светска сензација.

Таа во првото обраќање до медиумите рече дека го смета за неуставно соборувањето на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович. Кога Русија ја презеде власта на Крим, Поклонскаја застана на страната на Москва и ја задржа својата позиција, поради што Украина издаде налог по неа поради сомневање за насилно менување на уставниот поредок.

Оттогаш, медиумите ширум светот објавуваат текстови со епитети како „убава“, „најсекси обвинителка на светот“, „криминално згодна“ со секое спомнување на името на Наталија. Набрзо го добила прекарот „Челичната принцеза на Путин“ и била наречена најголема надеж на рускиот претседател.

