Мојтаба Хамнеи (56) минатиот викенд бил избран за врховен лидер на Иран од страна на државниот совет на верски клирици.

Американските разузнавачки служби му доставиле на американскиот претседател Доналд Трамп и на тесниот круг луѓе околу него информација дека покојниот врховен лидер на Иран Али Хамнеи имал сериозни сомнежи дека неговиот син би можел да го наследи, изјавиле повеќе извори запознаени со информациите за Си-Би-Ес.

Анализата покажала дека постариот Хамнеи бил претпазлив околу можноста неговиот син Мојтаба некогаш да ја преземе власта, бидејќи се сметало дека не е особено бистар и дека не е квалификуван да биде лидер, наведуваат изворите.

Собраните информации, исто така, укажувале дека таткото бил свесен дека неговиот син има проблеми во приватниот живот, изјавиле извори од администрацијата, разузнавачката заедница и луѓе блиски до претседателот.

Али Хамнеи наводно загинал во израелски ракетен напад во почетната фаза од војната меѓу Соединетите Американски Држави и Израел против Иран, пишува Си-Би-Ес њуз.

Се верувало дека Мојтаба Хамнеи бил ранет во истиот напад, а се наведува и дека останал во најтесниот круг луѓе околу својот татко.

Во приватни разговори Доналд Трамп им рекол на луѓето од своето опкружување дека не е сигурен колку информациите што ги добил за Мојтаба се воопшто важни. Тој смета дека Иран во моментов во суштина е без вистинско водство и дека помладиот Хамнеи можеби е дури и мртов.

Белата куќа верува дека одлуките во моментов ги носи Исламската револуционерна гарда, што претставува значајна промена во однос на теократската диктатура што постои од револуцијата во 1979 година.

Портпаролите на ЦИА, Белата куќа и потпретседателот одбиле да дадат коментар.

Во петокот Доналд Трамп јавно навести дека Али Хамнеи немал доверба во својот син.

„Нивното водство исчезна. Нивното второ водство исчезна. Сега и нивното трето водство е во проблем, а тоа не е некој кого татко му воопшто го сакал“, изјавил Трамп во интервју за Фокс њуз.

Трамп новиот врховен лидер го нарекол „лесна категорија“ и изјавил дека би бил „неприфатлив“ лидер за Иран. Тој исто