Она што не прави луѓе Првото нешто што ни паѓа на ум се мислите и емоциите.
Се појави контроверзна хипотеза дека бактериите кои живеат во нашите црева го менуваат нашиот мозок со „невидлива рака“.




Научниците составуваат слика за тоа како трилиони бактерии кои живеат во сите нас влијаат на нашето физичко здравје.
Сега, сепак, овие мали суштества се поврзани и со болести како депресија, аутизам и невродегенеративни болести.
Со векови е познато дека нашето расположение влијае на органите за варење – само сетете се на испитите на факултет – но сега излезе дека врската е двонасочна.
Група истражувачи веруваат дека се блиску до револуционерен метод за подобрување на менталното здравје со користење на „психобиотици“.




Истражувањето од кое се разви новиот концепт е направено на Универзитетот Кјушу во Јапонија. Истражувачите откриле дека глувците кои пораснале во стерилна средина и никогаш немале контакт со бактерии лачат двојно повеќе хормони на стрес кога се вознемирени од нормалните глувци.
Инаку, животните биле идентични во се останато, што укажувало дека оваа разлика можела да потекнува од микроорганизми.




„Тоа беше првото научно дело кое ги поврза микробите и неврологијата“, рече Џејн Фостер, невропсихијатар на Универзитетот МекМастер во Канада.
„Тоа предизвика многу реакции кај нас кои се справуваме со депресија и анксиозност“, рече таа.
