Приказната за младиот човек кој повлекол потег кој ги шокирал сите кои го познаваат.

Пред пет години, Балканот го освои веста за Никола Бориќ, кој бил сопственик на неколку компании и успеал да изгради мултимилонска империја. А потоа на 39 години, целиот свој луксуз им го поделил на пријателите, а тој заминал да живее во шума без ништо, дури и без струја.

Никола се населил во Паркот на природата Папук во Хрватска. Тоа било пред пет години, и целиот регион ја следи неговата приказна.
Никола тогаш го опишал својот живот – се капел во када на отворено, каде што ја перел и облеката, немал струја ниту планирал да ја воведува, живеел во колиба, спиел четири часа дневно, а јадел само еднаш неделно.

-Во Етиопија видов колку малку јадат луѓето, па таму започнав со сировата храна, па потоа само со овошје, па со блендирано овошје и така јадев се помалку и помалку – објаснува Никола кој вели дека таквиот режим му годи и планира да продолжи така, или дури со уште помалку храна.

И куќата ја направил практично сам. Оџак од кал, куќа од слама, дрвен под… Му помагале пријателите и партнерката Зорана.

А потоа на почетокот на оваа година Никола и неговата девојка доживеале голем шок – куќата целосно им изгорела.

Денес тој успеал да изгради сопствено мало претпријатие, па еколошки одгледува овошје, зеленчук, месоо, мед. Тој продава и зимница, чаеви, јаткасти и шумски плодови, и ги доставува ширум Хрватска.

Судејќи по сето тоа, враќање во цивилизација не планираат и сосема се задоволни со изборот со својата партнерка кој го направиле пред пет години.

Животот во шума е убав!