ицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски синоќа на фејсбук објави дека во акција на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е пронајден и запленет путер со поминат рок на употреба кај операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје и побара истрага, но и одговорност.

„Во акција на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кај операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје, се пронајдени и запленети 4.5 тони путер, кој имал важност до 2019 година. Производот е затекнат во продажба без декларација, и од страна на АХВ веднаш е повлечен од пазарот.

Заштитата на граѓаните и нивното здравје се на прво место. Повикувам на целосна истрага и одговорност!“ напиша Николовски.