Прекрасното мало папагалче прво слета на рамото на новинарот, а потоа ја извади слушалката од левото уво.




Николас Крум, репортер на телевизиската станица Чилевизија, бил ограбен од папагал додека известувал за криминал во Сантијаго де Чиле. Иако оваа реченица звучи лудо, навистина точно опишува што се случило пред очите на гледачот.




Прекрасното мало папагалче прво слета на рамото на новинарот, а потоа му ја извади слушалката од левото уво, а потоа со пленот, како што се нарекува во полицискиот жаргон, одлета во непознат правец.




Програмата во тој момент беше во живо, а Николас за момент престана да одговара.




Сепак, како што потврдија локалните медиуми, немало потреба од пријавување бидејќи украдениот предмет на крајот бил пронајден. Имено, веднаш кога видел дека не се јаде, палавиот папагал ја фрлил слушалката во тревата.
