Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер купиле плац со површина од 1,4 хектари од латино ѕвездата Хулио Иглесијас за 30 милиони долари.

Парцелата се наоѓа на ексклузивниот остров Индијан Крик (Флорида) и парот планира на неа да изгради вила.

Во меѓувреме одлучиле да живеат во Мајами и додека се планира изградба на домот од соништата, потпишале годишен закуп за да се вселат во еден од најлуксузните простори во Мајами.

Станува збор за зграда во облик на пирамида, наречена Arte Surfside“, а истата е дизајнирана од страна на италијанскиот архитект Антонио Читерио.

Зградата има 16 единици, меѓу кои и неодамна продадениот пентхаус за дури 33 милиони долари, а најевтината единица изнесува околу 12 милиони долари. Секоја единица има директен влез во лифт и пространа тераса. Станарите имаат пристап до затворен базен, тениски терен, спа и фитнес центар, како и детска игротека и салон.

Приватната резиденција нуди и 24-часовно обезбедување, а лифтовите се заштитени со технологија за препознавање на отпечатоци од прсти.