Зимзеленото дрво симболизира долговечност и пријателство




Фенг шуи не само што помага за уредување на домот и придонесува за благосостојба, туку ни нуди совети како да ги уредиме новогодишните и божиќните украси за да создаде позитивна енергија во нашиот дом. Место за новогодишна елка според фенг шуи е исклучително важно бидејќи ќе внесе хармонија во домот.




Зимзеленото дрво симболизира долговечност и пријателство. Според сертифицираните фенг шуи практиканти, триаголната форма на елката се смета за симбол на „оган“ во фенг шуи, а најдобро место за овој симбол е во просторијата што го зафаќа горниот лев агол од вашата куќа. Овој простор се смета за „површина на богатство“, а особено силни се триаголните облици и предметите направени од дрво. Поставувањето новогодишна елка на ова место ќе привлече богатство и просперитет во вашиот дом!




Исто така, добри места за новогодишни елки се генерално сите агли на домот или централниот дел од куќата, каде енергијата ќе се стабилизира во оваа стресна сезона. Во случај да сте ја поставиле елката на север, украсете ја со стаклени украси во сина, бела, сребрена и златна боја. Новогодишната елка на запад или северозапад треба да биде во бели, сребрени, златни и жолти тонови, а не во црвена боја.




Доколку елката се наоѓа во југозападниот или североисточниот дел од домот, поволни се украси во жолти и црвени тонови и многу керамички украси, додека белата и сребрената боја не се препорачуваат. За да се придонесе за подобра семејна поврзаност, пожелно е секој член да стави барем по еден украс на елката, бидејќи на тој начин ја поставува и својата лична енергија. Каде и да поставите елка, погрижете се да не го блокирате протокот на Чи енергија низ вашиот дом.




Тоа значи дека не смее да се поставува на места што го блокираат протокот на енергијата Чи – предниот влез или во близина на вратата. Можеби ќе треба да го преуредите просторот во просторијата каде што ја ставивте елката. Ако го правите тоа, проверете дали мебелот во новиот распоред ќе го блокира преминот на предметите за домаќинството или протокот на енергијата Чи. Можеби ќе сакате да преместите некои парчиња мебел во друга просторија за време на празниците, за да дозволите енергијата слободно да тече низ просторот.




Запомнете, кога вашата дневна или семејна соба е полна со новогодишни подароци, семејството и пријателите, просторот ќе биде во уште поголем хаос. Фенг шуи советува да не се става елката: во ходникот или просторијата каде што може да го блокира преминот, во областа каде што ќе го попречи протокот на енергијата Чи, премногу блиску до извори на топлина или камини, каде што може да предизвика пожар или се исуши побрзо.




За да постигнете позитивно расположение, генерално користете многу темнозелени бои во празничниот декор на куќата. Во домот има прекумерно количество огнена енергија (запалени свеќи, сеприсутна црвена боја и украсно осветлување ) што придонесува за кавги и нервоза, а темнозелената боја успешно се апсорбира, поради што масовно се користи за време на празниците.




Зимзелени гранчиња, венчиња, украси и зелени покривки за маса совршено ја балансираат енергијата на просторот.
Деновиве често се фотографираме, па препорачливо е да се има предвид дека фотографијата со тројца наредени во еден ред е крајно неповолна. Во случај семејството да се состои од три лица, тие треба да позираат во форма на триаголник, при што на горната позиција е поставена личноста која најмногу заработува.




За пријатна атмосфера, запалете арома светилка со масла од мандарина, портокал, лимон или цимет секој ден.
– Не избегнувајте сјајни и блескави украси. Огнот симболизира слава и престиж, а светилките симболично го претставуваат огнот, со цел да се подобри здравјето




– Чувајте божиќна ѕвезда или друг жив цвет засаден во земја во средината на собата
– Поставете ги украсните ангели лево од влезната врата. На тој начин ќе обезбедите помош од драги луѓе
– Во десниот агол, спроти влезната врата, ставете две миризливи или украсни свеќи. На тој начин ќе си обезбедите празници полни со љубов и разбирање. Најдобрите бои за свеќи се жолта, розова и црвена




– Оживејте го вашиот дом со свежи бои и пријатни мириси
– Поставете украсно огледало зад вазната со цвеќиња за да ја удвоите убавината
– Главните уреди за осветлување не треба да бидат премногу силни




– Додадете перници или некои други тркалезни предмети за да помогнете во протокот на позитивна енергија
– Поканете парен број гости
– Не дозволувајте драги гости да седат до вратата. Кој седнува прв до излезот, секогаш прв заминува




– Оставете ги децата да уживаат, помалку да им викате.
ВИ ПОЖЕЛУВАМЕ СРЕЌНИ ПРАЗНИ ИСПОЛНЕТИ СО МИР И БЛАГОСОТОЈБА!
