Тие се доказ дека долгогодишните пријатели се навистина драгоцени и верни за цел живот

Кога во далечната 1941 година се запознале како 11-годишници и се преселиле во истата училишна клупа, Оливи Вудворд и Кетлин од Велика Британија не ни сонувале дека ќе станат доживотни пријатели.

Имено, во основното училиште во англискиот град Нотингем делеле тетратки, книги и насмевка, а кога пораснале живееле на иста улица со децении. Нивните сопрузи дури работеле во истата компанија. Кетлин за жал го изгубила сопругот во сообраќајна несреќа во 1989 година и оттогаш не се омажила и нема деца.

Оливи се омажи за својот сопруг Рој и доби две ќерки, стана и баба на пет внуци, а може да се пофали и со тоа што има четири правнуци.

Сè се промени кога Кетлин отиде во старечки дом. Иако има големо семејство, Оливи толку многу страдала поради нејзината најдобра пријателка што решила да се пресели во истиот дом само за да биде покрај неа.

Во интервју за SWNS таа откри дека и било многу тешко кога Оливи отишла во старечки дом и дека многу и недостига. Поради тоа често ја посетувала, а секоја сабота доаѓала на закажаниот ручек.

И тогаш таа неодамна донесе одлука сама да се пресели во истиот дом. Таа дури успеала да „добие“ соба во истиот ходник, па двете другарки повторно се соседи.

Како што велат, тајната на нивното долгогодишно пријателство лежи во тоа што избегнуваат кавги и непотребни дискусии.