Станува збор за вистински течен лек, а во продолжение ви го пренесуваме рецептот кој го користеле нашите предци.

Сокот од цвекло се смета за подарок на плодноста поради неговите лековити својства.

Станува збор за вистински течен лек, а во продолжение ви го пренесуваме рецептот кој го користеле нашите предци.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

2 кг цвекло

3 кг шеќер

3 лажички ванилин шеќер

3 лажички лимонска киселина

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА

Цвеклото измијте го, излупете го, исечете го на прстени и ставете го во тенџере.

Тенџерето прелијте го со 3 литри ладна вода и ставете го на шпорет. Кога водата ќе зоврие, намалете ја температурата и варете го цвеклото уште 30 минути.

Извадете го тенџерето од шпоретот и извадете го цвеклото од водата.

Додадете шеќер во водата во која се вареше цвеклото и мешајте додека не се раствори. Потоа измешајте ванилин шеќер и лимонска киселина.

Истурете го врелиот сок во измиени и стерилизирани шишиња и цврсто затворете ги шишињата.

Кога сокот ќе се олади на собна температура, ставете го во фрижидер.

Пијте го сокот неколку пати на ден. Во случај на какви било здравствени проблеми, консултирајте се со лекар пред употреба.