Иако прототип, овој автомобил бил регистриран за пет лица, додека задниот дел од возилото бил наменет за карго превоз.




Застава 101, популарниот „кец“ или „стоeдeн“, како што нагалено го нарекувавме, многумина го сметаат за најдобриот автомобил што е произведен во СФРЈ.




Ако не е најдобар, сигурно е најпознат. Тоа е автомобил кој видел бројни верзии во текот на својот долг животен век. Покрај варијантите со 3 и 5 врати, имаше различни нивоа на опременост, а беше понудена и верзија за испорака Poli.




Поли беше причина за развој на друга верзија на „кецот“. Тоа беше Zastava 101T со двојна задна оска.




Автомобилот е развиен во текот на 1990-тите во „Застава“ со цел да се постигне максимален капацитет и број на патници. Во тоа време слични возила, но не со двојна оска, нудеа Рено (Експрес), Цитроен (Ц15) и други.




Овој автомобил иако прототип бил регистриран за превоз на пет лица, додека задниот дел од возилото бил наменет за превоз на товар.




На крајот, проектот беше напуштен, а автомобилот беше продаден на нуркачкиот клуб Крагуевац, каде што активно се користеше.




Судејќи по фотографијата објавена на Фејсбук („Официјална страница на форумот Застава 101“), возилото, за жал, завршило неславно, фрлено и заборавено.

