Член е на Советот на чуварите, моќна институција што го контролира законодавството и изборите.

Откриено е кој ќе го замени убиениот Али ХамнеиАлиреза Арафи е именуван за вршител на должноста водач на Иран. Тој одреден временски период ќе ја извршува функцијата врховен водач, пренесуваат иранските државни медиуми, пред сè агенцијата ISNA.

Арафи ќе ја извршува оваа највисока државна функција во преоден период, по елиминацијата на Хамнеи.

Алиреза Арафи (67) важи за еден од највлијателните шиитски ајатоласи и високи верски авторитети во земјата. Роден е во 1959 година во Мејбод и со децении зазема клучни позиции во рамките на иранскиот теократски систем.

Тој е член на Советот на чуварите – моќно тело што го контролира законодавството и изборите – како и на Собранието на експерти, орган кој според уставот е единствено надлежен за избор и надзор на врховниот водач.

Пред да биде именуван на чело на државата, Арафи го водел целокупниот систем на верски семинари во Иран, со центар во светиот град Ком, со што директно влијаел врз формирањето на нови генерации верски и политички лидери.

Исто така бил на чело на Меѓународниот универзитет Ал-Мустафа – институција задолжена за ширење на шиитската верска доктрина и иранската идеологија во странство – поради што се смета за близок соработник на безбедносните структури и Револуционерната гарда.

Аналитичарите оценуваат дека изборот на Арафи претставува обид на режимот да ја зачува стабилноста и континуитетот на политиката во услови на воена криза. Неговото длабоко познавање на верската хиерархија, како и учеството во највисоките политички тела, го прават фигура што во овој момент може да ги обедини конзервативното свештенство и воените кругови.