Емина пред две години најави дека ќе се бори за место во градскиот совет на Тузла

Емина Јахиќ од Тузла, личност на Инстаграм која сега ја следат 230 илјади корисници на таа социјална мрежа, пред 2 години објави дека ќе се кандидира на локалните избори во Босна и Херцеговина.

Јахиќ потоа на Инстаграм објави дека ќе се бори за место во градскиот совет на Тузла и дека на изборите ќе се кандидира како кандидат на партијата Демократски фронт (ДФ), чиј претседател е Жељко Комшиќ. Таа изјави и дека е на 28 место на изборната листа.

– Како млад човек сум свесен за положбата на младите во денешното општество како и за проблемите со кои секојдневно се соочуваме. Затоа, како претставник на младинскиот форум на ДФ, фокусот на мојата акција ќе биде подобрување на положбата на младите – напиша тогаш Јахиќ во соопштението.

– Еден од проблемите на кои сакам да се фокусирам, а со кој се соочуваат мнозинството луѓе е стекнувањето работно искуство како предуслов за понатамошно вработување. Во наредниот период сакам да ги слушнам вашите проблеми и предлози за заеднички да се избориме за вашите права и да ја подобриме вашата положба во општеството – продолжи таа.

– Дополнително, ќе работам на подобрување на условите за живот на сите нас во месните заедници кои припаѓаат на градот Тузла и со ваша помош нашата Тузла ќе ја направиме подобро место за живеење – заклучи таа.

Јахиќ во делот „за мене“ на својот Инстаграм профил изјавила дека студира меѓународни финансии на Американскиот универзитет во Босна и Херцеговина.