Тоа што е добро може да се најде насекаде низ светот таков е и случајот на овој човек кој е љубител на овие коили.

Си ја заштитил колата од сонце со кебе. „ЗАСТАВА 101“ е фотографирана во приградската населба Илион

Оваа сцена не би била чудна доколку улицата на која е паркиран популарниот „ 101 “ би била некаде во Македонија. Но, зборуваме за атинското предградие Илион.

Александра, чиј пријател Јоргос го сликал „101“ во главниот град на Грција.

Жолтата „Застава“ изгледа прилично зачувана.

Инаку, овој автомобил се произведуваше во Крагуевац од 15 октомври 1971 година до 20 ноември 2008 година, а беа произведени повеќе од милион примероци.

Беше најуспешниот и најпродаваниот модел на „Застава“ од Крагуевац, произведен најмногу примероци, имаше најголем извоз, беше најмодерниот автомобил од својата класа во Европа кога се појави, моделот што имаше најпредизвикувачки тестови, во последната година на производство беше вториот најевтин нов автомобил во светот, наведува Autoslavia .