По Нова година, следниот неработен ден не чека на 7 јануари, кога се слави Божиќ според јулијанскиот календар




Полека се збогуваме со новогодишните празници , но затоа пред нас се Божиќните. Многумина веќе ги испланираа своите прослави, а не е лошо однапред да се знае кои денови се неработни, а кои работни.




Граѓаните во јануари годинава ќе имаат повеќе неработни денови отколку во претходните години. Причината за тоа е што празниците обично паѓаат за викенд.




За Нова година нè очекуваат првите официјални неработни денови, поточно 1, 2 и 3 јануари (недела, понеделник и вторник), 4 јануари е работен ден, како и 5 и 6 јануари.




По Нова година, следниот неработен ден не очекува на 7 јануари, кога се слави Божиќ според јулијанскиот календар.




Припадниците на различни верски заедници имаат право на слободен ден секогаш кога нивната верска заедница слави некој празник.
