За Нова Година, луѓето имаат тенденција да донесуваат новогодишни одлуки или резолуции. Повеќето од нив не се остваруваат, но тоа не е она што е шокантно.

Без разлика дали донесувате новогодишни одлуки или не, крајот на старата и доаѓањето на Новата година ги тера луѓето да погледнат наназад и да размислуваат за насоката во која се движат нивните животи и да размислуваат за нивните надежи и желби за новиот период.

Членовите на еден форум на социјалната мрежа Редит опишаа што сакаат да постигнат во Новата година, а покрај вообичаените желби, меѓу стотиците коментари, најдоминантен е оној што никој не го очекуваше.

Да нема војна“, напиша еден корисник, а многумина се сложија со него.

Имаше многу желби во однос на „Нека ми служи здравјето“, како и „Да го запознаам мојот животен партнер“ или „Конечно да имам врска“.

Сакам конечно да ослабам бидејќи од корона се здебелив 20 килограми“, напиша друг. Тој беше поддржан и од бројни корисници на мрежата.

Еден од потресните коментари беше:

„Би сакал да го запознаам татко ми“, а потоа се објаснува трагичната околност поради која коментаторот никогаш не запознал машки родител.

Некои сакаа да читаат повеќе книги од претходната година или да посетат повеќе музеи.

Други сакаа да тренираат и конечно да успеат да истрчаат цел маратон, што не е мала цел.

Сепак, најбројните коментари беа – верувале или не – за купување нов автомобил!

„Сакам да заштедам доволно пари за автомобил“, „Сакам нов „мерцедес““, „Од сето она што го имам, единствено нешто што ми недостасува е автомобил“, „Ми треба малку среќа, а Range Rover“, „Нешто да ме одведе од точка А до точка Б, веќе вака не работи“ и слично.

Ги преброивме коментарите во темата и дојдовме до заклучок дека најмногу коментари и лајкови се однесуваат на четири тркала. Приоритет кој се чини дека зазема повисоко место од здравјето, среќата, па дури и само желбата за повеќе пари во 2023 година.