Различни мажи ги привлекуваат различни работи, но истражувањата покажуваат дека следните четири работи најмногу привлекуваат мажи.

Мажите се чувствителни на тонот на женскиот глас, а особено неодоливи им се оние мазни, заводливи гласови со кои би можела да се пофали Мерлин Монро.

Насмевка

Веројатно ова не ви беше претерано изненадување, бидејќи никој не сака да има мртовци во своето друштво. Освен тоа, истражувањата покажуваат дека насмевката позитивно влијае на партнерот, односно на делот од неговиот мозок кој е поврзан со награди и пофалби. Исто така, докажано е дека мажите повеќе ги привлекуваат жени кои се смеат на нивните шеги. Секако, ова не значи принудно смеење.Олини

Се разбира, ова не важи за сите мажи, но повеќето сепак ќе се согласат дека повеќе сакаат жени со облини отколку слаби жени. Затоа, немојте да бидете премногу драматични за тие два килограми што сте ги добиле и од кои не можете да се ослободите…

Црвена облека

Научно е докажано дека мажите покажуваат повеќе интерес за жена во црвен фустан отколку за фустан во која било друга боја. На крајот на краиштата, веќе ви е јасно дека едноставно е невозможно да останете незабележани во црвено