ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 206/2020 – за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Министерство за економија за следните работни места
1. УПР0101Б04000 Раководител на одделение за внатрешна ревизија – овластен ревизор за јавен сектор (1) извршител(и)
Општи услови: да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Организациони науки и управување (менаџмент) или правни науки, најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор.
Општи работни компетенции: решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни, раководење и финансиско управување.
Посебни работни компетенции: активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, потврда за положен испит за административно управување, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).
Дополнителни услови: Да има поминато обука и положен испит за овластен внатрешен ревизор во јавен сектор или да поседува меѓународно признат ревизорски сертификат и Да има најмалку две години работно искуство во внатрешната или надворешната ревизија.
Распоред на работно време: Работни денови понеделник-петок. Работни часови неделно 40. Работно време од 07:30 до 15:30. Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот. Паричен нето износ на плата: 29.693,00 денари. НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Македонец(ка) 1.
Целиот оглас може да го видите на ЛИНКОТ
