Ви споделуваем ФБ статус од Огнен Јанески кој малку се пошегува со моменталната ситуација која ја тресе Македонија за поставување на ГК во Њујорк.

Според критериумите на МНР, мислам дека е време да ме пратите за амбасадор. За конзул, сепак сум преквалификуван.
Еве, може во Обединетите нации во Њујорк, зашто секако сум бил таму на дипломатски работен престој, како истражувач-новинар во Одделот за јавни информации.

Еве, сега сум и титуларен амбасадор против говорот на омраза за Западен Балкан, а претходно сум бил во два мандата и за Часот на планетата Земја. Ако треба, ќе им помогнам на новопредложените за дипломатски контакти.
М? Што велите?

Во прилог на мојата апликација, еве и фото од последниот престој во ООН во Њујорк, коишто прикажани совети за безбедност на дипломатската заедница можам да им ги проследам на конзулите.

На површина излезе и многу шовинизам, мизогинија и дискриминација по основ на возраста за колешката, од страна на описите за неа, во статиите, што е очајно од страна на колегите и коментирачите.