Брајан О’Киф цел живот се бореше со дебелината. Следеше различни диети кои не дадоа резултати. Достигна тежина од 153 килограми, па презеде драстична мерка.




Решил да замине од Ирска во едно зафрлено село во Шпанија, да ги прекине контактите со семејството и пријателите за да не му пречат и да го одвлечат од целта.




За седум месеци изгубил повеќе од 60 килограми.Потоа се вратил во Ирска и средбата со своите најблиски ја снимил на камера, тоа видео на TikTok има 32,8 милиони прегледи.




Зад себе оставил 15 години борба со разни диети Вели дека успеал мерејќи се и дисциплиниран, пишува Инсајдер.
Брајан бил со прекумерна тежина како дете. Додека посетувал интернат, благодарение на спортот успеал да ослабе, но се вратил во текот на студирањето, делумно поради повреда која го спречила да се занимава со омилените спортски активности. Кога се преселил во Лондон во 2017 година, изгубил повеќе од 30 килограми, а потоа повторно се здебелил, по завршувањето на магистратурата.




„Слабеењето беше она што најмногу го посакував, но не бев подготвен да се жртвувам за да го постигнам тоа на долг рок“, рече тој.




Пред три години отишол во едно село во Шпанија каде што неговиот брат работи како лекар. Секое утро го шеташе кучето по еден час, пред тоа пливаше, трчаше, правеше вежби за истегнување и потоа пешачеше пет часа.




Тој рече дека неговите методи биле екстремни, како и неговата одлука да ја напушти работата и да живее од своите заштеди. Дневно внесувал 2.000 калории и околу 200 грама протеини.




Неговата приказна е инспиративна, но секој што сака да ослабе треба да следи програма за слабеење прилагодена на нивните потреби и телесен часовник.
