Пластичната операција и го упропастила живото…

Психолог Љубов Лауфер (45) доживеала вистински пекол после погрешно изведена пластична операција која и го упропастила телото.

“Се загубив – мојата работа и семејството, бидејќи не смеам да спијам во иста соба со сопругот, а тој се плаши и да ме прегрне“, раскажува Русинка која горко се покајала после одлуката да ги зголеми градите.

Откако минатата година имала успешна операција со која од нејзините гради се извлечени импланти кои се инфицирале, хирург Татјана Романовска на Лауфер и предложила нов зафат “липофилинг“ каде што од разлни делови од нејзиното тело ќе земат масни наслаги и ќе ги вбризгаат во градите и задникот.

Љубов заминала на операција во Новосибирск и во последен момент и соопштиле дека наместо Романовска, ќе ја оперира нејзин колега Рустан Курманбаев.

“После операцијата која траеше 5 часа се разбудив во неподносливи болки и мораа да ми дадат кислород бидејќи постојано имав грчеви. Бев шокирана кога ги видов своите гради и незнаев како ќе живеам со нив. Но, најлошо беше кога сватив дека се разбудив со огромен задник која не го сакав“, наведува Љубов и продолжува…

Имам 55 килограми и од разни делови на телото ми е извадено околу 2 литри масна налага, а поголемиот дел е вметната во мојот задник. Стомакот изгледа како да е пресечен на два дела, градите ми се млитави и различна величина. Лекарите во Москва беа шокирани кога ги видоа лузните на моето тело“.

Откако својата приказна ја објавила на социјалните мрежи, хирургот кој ја оперирал ја тужел на суд, но спорот го загубил.

Несреќната Љубов моментално се обидува преку етичкиот комитет на Руското здружение на пластични хирурзи да покрене постапка против Курманабаев поради низа пропусти за време на оперативниот зафат.