Инцидентот се случил само еден ден откако парот се свршил




Идниот младоженец од Велика Британија останал запрепастен откако неговата вереница го оставила на аеродромот Хитроу во Лондон и побегнала со целиот багаж, вклучително и 5.000 фунти во готовина.




Инцидентот се случил само еден ден откако парот се свршил, пред да одлетаат за Рим каде, според британските медиуми, требало да се венчаат.И двајцата се во 40-те години, а се запознале неодамна.




Меѓутоа, додека чекала да се качи на летот за Италија, идната невеста одеднаш исчезнала со сите работи на нејзиниот вереник штом тој отишол во тоалет. Шокираниот и преплашен маж повикал полиција и ја известил за исчезнатите предмети, вклучувајќи ги и 5.000 фунти што и ги дал на жената. Според британската полиција, наводниот инцидент се случил на терминалот 5.




– Тој ја запроси претходниот ден и таа прифати. Тие планирале да се венчаат во Рим и требало да летаат таму. Потоа побегнала додека тој го барал тоалетот и исчезнала со сите нивни работи – рекол еден набљудувач кој бил сведок на необичниот настан.




Во извештаите се наведува дека истрагата е во тек, но дека допрва треба да се утврди дали дотичната излегла од аеродромот, или се качила на летот со украдените пари.

