Лиса (34) вели дека одржувањето на повеќе врски истовремено има позитивно влијание врз нејзиниот брак, а нејзиниот сопруг ја има истата слобода како неа.

Омажена жена која признала дека истовремено одржува љубовна врска со повеќе мажи одеднаш, од кои еден е нејзиниот сопруг, тврди дека другите љубовници ѝ помогнале да го зацврсне нејзиниот брак.

Пишувајќи под псевдонимот Лиса за да го заштити својот идентитет, оваа 34-годишна жена открила дека во љубовна врска со нејзиниот сопруг е веќе половина живот и дека тие двајца уживаат во „магијата” на отворениот однос во изминатите неколку години, а претходно биле исклучиво моногамни. Нејзината исповед ја пренесе магазинот „Elle”.

Со мојот сопруг сум веќе со години во брак, но во последните пет години имаме т.н. отворен брак. Јас, освен со него, се гледам со уште тројца мажи и можам да ви кажам дека оттогаш нашиот брак е уште подобар. И тој се гледа со други жени. На почетокот не спиеше со нив, но со тек на време и тоа дојде на ред.”

Лиса истакнува дека полигамијата според нив е најнормална работа.

Не разбирам зошто некој би се ограничувал. Мојот сопруг и јас сме си еден на друг емотивна поддршка, веруваме еден во друг вели таа.

Лиса истакнува дека понекогаш се гледа со сопругот и љубовниците во исто време.

Понекогаш сме сите заедно. На самиот почеток од оваа одлука, ние двајцата заедно се гледавме со други луѓе, но потоа полека почнавме да се гледаме одвоено со други”, раскажува таа.

Лиса истакнува дека оваа одлука им го зајакнала бракот и дека се посреќни од било кога.

Што мислите вие за ЛИСА треба да посети ДОКТОР ИЛИ ЈА ПОДДРЖУВАТЕ?/(ФОТО) Инстаграм