Откупната цена на Ајварските пиперки ќе биде околу 40 денари, но колку ќе биде за купувачите е нејасно , велат производителите на почетокот од сезоната за зимница.

Производителите на градинарските култури засега не очекуваат промена на цените на доматот, пиперките и краставиците кои сега се продават за суми од 70-100 денари, но сепак оставаат простор за евентуални измени.

Проблем поради кој никој не може со сигурност да ги дефинира идните цени е и фактот дека Македонија е се позависна од увоз на земјоделски производи.

Во меѓувреме, производителите на раноградинарски култури, на пченица и и јачмен произведени под контролирани услови пред неколку денови добија три нови мерки за поддршка.

На овој начин се надоместува разликата помеѓу производната и продажната цена, како резултат од владината одлука за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот.