Пандов му пиша на Никола Попоски: Тебе Груевски те избра за Министер, или членството
Поранешниот Министер за надворешни работи, во владата на поранешниот Премиер Никола Груевски, Никола Попоски, вчера во интервју на Канал 5 проговори околу актуелните состојби во опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Имено, познато е дека неколку различни струи, предводени од поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, актуелниот Градоначалник на Кавадарци и поранешен потпретседател на партијата Митко Јанчев, „реформаторот“ Петар Богојески, бараат вонреден конгрес и оставка од актуелниот лидер, Христијан Мицкоски.
Никола Попоски по гостувањето во емисијата, на својот профил на социјалните мрежи ги постираше главните тези од неговото излагање во интервјуто. Неговиот општ заклучок е дека ВМРО-ДПМНЕ со сегашниот концепт, нема да победи на следните избори:
„Затоа ни треба: Итна промена на концептот на раководење. Членството да се обедини и да му се даде глас, не да се исклучува и казнува. Обединето ВМРО-ДПМНЕ да може повторно да победува на избори.“
На овој негов статус, одговор доби од поранешниот пратеник, а актуелен претседател на патриотскиот институт во ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов:
„Никола прво, како искусен дипломат и човек кој долги години бил министер за надворешни работи назначен од ВМРО, срамно е да не знаеш дека името на партијата е ВМРО ДПМНЕ, каде сите букви се пишуваат големи.
Второ што годиниве наназад постојано ми паѓа во очи, а еве истото се случува и со последниов твој статус, како бе тоа човече не кажа една критика за надворешната ни политика и исклучително штетните договори за Македонија и македонскиот народ, кои ги потпишаа Заев и Димитров, мислам на оној од Нивици и поготово ,,добрососедскиот” од Софија, туку секое твое појавување медиумско зборуваш или пишуваш за партиски работи, кој конечно и додека си бил партиски активен никогаш не ти биле блиски?
Каде тоа и во која тоа европска партија има пракса вака како што ти тоа го правиш јавно, преку социјални мрежи да се зборува за партиски работи?
Трето, мада ти си ја напишал како прва точка, да се променел ,,концептот на раководење”, па ќе ми дозволиш вака јавно во твој стил и јас да констатирам, а воедно и да те прашам.
Констатацијата ми е, поточно тоа е факт дека ти имаше чест да бидеш дел од тимот на Груевски кои ги имаше најубедливите победи над СДС во низа.
Логички прашањето ми е тогаш ,,концептот на раководење” каков беше?
Ти кога стана министер за надворешни работи, на членството и базата ли им се даде глас, па тие те избраа или по некој друг концепт?
Четврто Никола како бе тоа не подржуваш протести против Заев? Во парламент викаш да била борбата и притоа ваљда мислиш на твојата ,,лавовска борба” која ја водеше во минативе години во собранитето?
Конечно Никола последно, но за мене и најважно, ти за мене, а верувам и за секој вмровец, си недостоен да бидеш и кафекувар во организацијата, а не претседател на ВМРО, после твоето тврдење дека патриотите и уставобранителите од 27 Април се те ро ристи од кои партијата треба да се огради!“
