Микробиологот д-р Никола Пановски вечерва во Само вистина на Канал 5 за распределбата на вакцините во светот смета дкеа личните познанства се многу важни.

Тој изјави дека ние обично му веруваме на западот, но во овој случај со вакцините сме излажани бидејќи тие доцнат.

Пановски смета дека бидејќи нашиот народ се угледува на север, и откако ќе види дека во Србија кафеаните работат, и луѓето се шетаат без маски, нашите граѓани ќе бидат мотивирани да се вакцинираат.

„Во затворен простор секогаш се носи квалитетна маска“, вели тој.

Тој додава дека шал и марама во затворен простор веќе не штитат, и треба да се носат хируршка или Н-95 маска. За соседна Србија рече дека иако луѓето се вакцинираат, сепак се опуштиле и тоа довело до раст на бројот на заразени.