Пастор Филип од Велес важи за голем хуманитарец како во Макеонија така и надвор од неа. Често објавува на својот ФБ профил за неговите хуманитарни акции и ги повикува луѓето да бидат свесни и да помагаат кој колку можат.

Овај пат тој е во Африка и го споделуваме неговиот Фб статус:

Храна, учебници, училишни материјали, столици, клупи и еден мотор е донацијата за училиштето овде во Њабулико. Дадовме нешто и за тековни поправки на објектите.

Со ова ја помагаме работата на учителите кои овде работат волонтерски, што се вели за храната што ја јадат, го подобруваме образовниот процес за дечињата, на општа радост на сите, а со моторот не само што значително ќе се заштеди на транспорт на деца и материјали за училиштето, туку ќе стане и извор на приходи, зашто ќе се употребува како „бода-бода“ такси во околината. На овие мотори се возат по три-четворица, плус багаж, а не можете да замислите што сè можат да товарат на истите…

Очекуваме наскоро да се постават темелите за три нови училници, па ако даде Бог, додека се вратиме овде повторно, ќе се зголеми капацитетот на училиштето, та да примиме уште 100 деца.

Ви благодарам на сите за дарежливоста и учеството во ова Божјо дело, навистина, се менуваат животите на стотици дечица и цела една област овде… Со сето ова, ја градиме целата личност – духот, душата и телото.

А ви кажав ли дека женскиот фудбалски тим на училиштето освоил прво место на регионално ниво? Е па, да.

Слава на Бога за сè!