Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Во попладневните часови, претежно во западните делови времето ќе биде нестабилно и облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 20, а максималната од 24 до 36 степени Целсиусови.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Времето утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на локално невреме. Во четврток и петок ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец што ќе услови намалување на дневната температура.
Следната недела во ова време, црвената боја е 41°C долу, доаѓа LUCIFER.
– Следната недела во ова време црвената боја е 41°C на приземје, доаѓа LUCIFER – напиша метеорологот и објасни – Во втората половина на јули времето овде ќе биде под влијание на африкански антициклон по име Луцифер, кој ќе донесе летни горештини и тропски температури на места и до 40 степени веќе околу 20 јули.
