Пилоти останале во шок: Нема да поверувате што виделе на небото, мислеле дека ова е можно само на филм…

Федералното биро за истраги било веднаш вклучено во истрагата во Лос Анџелес, откако пилотите при слетување забележиле човек кој лета со млазен ракетен погон.

Пилотите ја известиле авиокомпанијата дека виделе “момче со млазен ракетен погон” како лета на 1000 метри во воздух над Лос Анџелес.

Во истрагата веднаш е вклучен ФБИ, после пријавата на два пилоти на одвоени летови во близина на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес во неделата.

Неколку американски медиуми добиле синкмка од комуникацијата помеѓу пилотите и контролата на летења, кој открил детали од инцидентот.

На снимката еден пилот вели: “Таувер, америка 1997. Штотуку поминавме покрај момче со млазен ракетен погон”.

Контролорот одговара: “Америка 1997, во ред – дали беше на вашата лева или десна страна?”

Пилотот вели: “Од левата страна, можеби околу 300 метри, на наша надморска височина”.

Неколку секунди подоцна, друг пилот ја известува кулата: “Само што видовме момче како поминува покрај нас со млазен погон”.

Контролорот потоа му вели на пилотот на летот JetBlue да биде внимателен додавајќи: “Лице со млазен ракетен погон е пријавено на 300 метри јужно од Лос Анџелес Фајнал на околу 3.000 стапки”.

Тогаш неидентификуваната личност вели: “Само во Америка”.

Американскиот воздухопловен регулатор, Сојузната управа за воздухопловство, го потврдила случајот.