Многу домаќини периодов се подготвени да го соберат целото семејство на купче, како би го спремиле зимскиот деликатес – ајвар.
Повеќето си имаат свој традиционален рецепт, наследен од мама или баба.

Меѓутоа, не е реткост да се експериментира со вкусовите, па така е добиен овој генијален спој од вкусови.

Во ајварот може да се додаде и модар патлиџан, но тајната состојка е – ренот.

Испечете и излупете ги пиперките како по обичај, исечкајте и сомелете, по желба, па спржете ги на рингла или внимателно испечете ги, мешајќи и додавајќи масло.

Отприлика на половина од процесот, додадете сол.

Дури на крајот, нарендајте мала количина на бел рен – отприлика 300 грама на 3 килограми пиперки, и измешајте во ајварот.

Префрлете ја смесата во стерилизирани, топли тегли и затворете со капак. Оставете да отстојат на топло 24 часа.