И покрај забраната за групирање како и големиот број на рестриктивни мерки кои се воведени во државава, полицијата вчера вечерта околу 21 часот прекинала свадба која се одржувала во угостителски објект во скопско Арачиново, пишува Слободен печат.
Притоа интервенцијата полицијата во објектот биле затекнати околу 200 лица.
Свадбите и други семејни веселби и собирања се забранети од почетокот на здравствената криза во земјава, а за прекршителите на овие забрани ќе следуваат соодветни пријави.
Како за потсетување, исто така пред 4 дена во ресторан во Глумово, Пазарната инспекција и Министерството за внатрешни работи затекнале околу 300 гости кои присуствувале на свадба, што е спротивно на здравствените протоколи.
