Денеска ги посетив семејствата чии куќи неодамна изгореа во пожар. Глетката е се уште страшна. Пожарот им однесе се’ што граделе и создавале низ годините.

Во овие тешки моменти за семејствата, секоја помош, дури и онаа минималната, е голема и значајна.
Куќите изгореа целосно. Но, не смее да изгори и надежта во нивните срца дека домовите ќе им бидат обновени. Не смее да згасне вербата кај овие наши сограѓани дека повторно ќе имаат домови во кои ќе бидат присутни среќата и детскиот џагор.

Затоа, денеска им донирав ваучер за градежни материјали во износ од една пратеничка плата. Ги охрабрувам сите носители на јавни функции да го сторат истото.

Ајде сите заедно да им помогнеме на овие наши сограѓани. Ајде со личен пример да поттикнеме уште поголема хуманост кај нашите прилепчани и кај стопанските субјекти од градот, кои не пропуштаат да подадат рака кога е најтешко.