Популарното натпреварување „Гранд Ѕвезди“ го следат огромен број на луѓе. А сега Саша Поповиќ откри колку чини да се појави во една од најгледаните емисии.

Поповиќ истакнува дека настапот на пејачките по емисија чини 10.000 евра.

Тој му се обратил на натпреварувачот Јасмин Ѓулишиќ на кого му рекол дека заработил 30.000 евра.

– Ѓулшиќ, не жали, си заработил 30.000 евра, не ти е гајле. Сега се чудите како, секое појавување во „Ѕвезде Гранда“ кој сака да дојде овде, за секоја емисија е како да си донел 10.000 евра и рекол: „Сакам да застанам овде пред ова жири, пред оваа публика и да те гледаат. 7, 8 милиони луѓе“, рече Поповиќ, на што веднаш додаде Сања Кужет.

– Па, тогаш јас сум милионер, само што не ни знаев! Па, и ти не си далеку од тоа.

– Ние сме во полоша позиција, за да седнеме во жирито секој треба да му дава на Саша по 50.000 по сезона – рекол Џорџ и ги насмеа колегите од жирито.